ТМ: Притисоци, злоупотреби и повреди на правото во случајот „Музеј на Македонија“

Од:

Транспарентност МАкедонија(ТМ)го следи случајот “Кражба во Музејот на Македонја“ и ги објави своите снознанија кои укажуваат на притисоци, злоупотреби и повреди на владеењето на правото.

„Во врска со постапката која во медиумите беше позната како случајот Музеј на Македонија, ја информираме јавноста дека пресуда е изготвена од Основниот Суд Скопје 1. Пресудата е доставена до учесниците во постапката, а бранителите поднеле жалба против истата. Осудените се професионални кустоси и долгогодишни истакнати музејски работници, кои придонеле за збогатување и чување на музејските предмети.

За овој случај Транспарентност Македонија веќе укажа дека кривичната постапка не дава јасна слика на настаните туку, создава конфузија, со што отвара сомнеж дека постои прикривање на извесни факти битни за случајот. Она што паѓа во очи е дека во Отчетот за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, 2011-2014, овој случај е наведен како реализиран владин проект за 2013 г., како решен случај пред да започне постапката. Но, вистината е дека во тој момент постои само полициска пријава за поконкретно, во делот Безбедност и внатрешни работи, со поднаслов Покарактеристични оперативни акции од јуни 2011, на стр. 154 пишува:

Расчистена кражба во НУ Музеј на Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, поднесени се пријави против поранешниот прв човек на Управата за заштита на културното наследство, актуелниот и поранешниотt директор во НУ Музеј на Македонија, златар од Скопје и неколку вработени во уст ановата во врска со пријавената кражба на предметите, односно несовесното ракување со нив во перидот од 2011 до 2013 година.

При претресот во делот на работната просторија и службената канцеларија во НУ Музеј на Македонија, а кои ги користат двајца од пријавените, беа пронајдени вкупно 29.472 монети, а при увидот во инвентарната книга утврдено е дека до 1997 година евидентирани се вкупно 3323 монети, а од 18.01.2001 година до 15.09.2003 година вкупно 18 монети или вкупно во НУ Музеј на Македонија со инвентарни броеви евидентирани се 3341 монета.

Иако овој пропаганден материјал на власта – отчет, не беше ниту предмет на кривичната постапка, ниту е содржан во пресудата, сепак остави една енигма за сите нас: што всушност е делото?!

Што се однесува до самата пресуда, со непотребно копирање на сите списи од предметот , со заклучок дека нема штета, нема стекнување материјална корист, но има дело кое е напишана на 275 страни.

Дополнително останува нејасно како на осудените во овој случај им се определени високи казни од вкупно 31 година затвор na седуммина од обвинетите, за дело каде што нема утврдена штетa, за разлика од случајот на пример кога на сопственичката на пропаднатата ТАТ штедилница од Битола, при нова измама во износ од фантастични 615 илјади евра, со пресуда и се определени 3,5 години затвор. За ова јавноста беше запознаена пред неколку дена.

Случајот укажува на низа недоследности и проблеми врзани и за министерството за култура, а посебно во начинот на организирањена неговата работа, неодговрностa на министерката за култура спрема институциите кои се во нејзина надлежност, немање контрола над Управата за заштита на културно наследство-која немаше направено ревизија 6 години. Ова дотолку повеќе што и министерството за финансии не направило ревизија за трошење јавни пари во Музејот.

Сето ова , пак, се потврдува и во Соопштението на македонското археолошко научно друштво, кое беше упатено до јавноста , во текот на самата постапката:
: „…сè додека се во сила несреќни, неевропски и неспроведливи законски и подзаконски решенија, а се однесуваат на културното наследство и неговата заштита, – сè додека жестоко се казнуваат музејски установи и нивни вработени, без да се постави елементарното прашање од страна на креаторите на вакви закони, како е можно сите музеи во оваа држава во долга низа години да грешат на истоветен начин, – сè додека манипулативното толкување на овие закони внесува наши почитувани и чесни колеги во притворските и затворските одделенија, – сè додека нема јасно дефинирана стратегија за заштита на културното наследство што ќе биде донесена после една опсежна и транспарентна стручна дебата, 2 – сè додека буџетските средства за заштита на културното наследство варираат со брзина од 0 до 100 и назад до 0, во целосен дисбаланс со институционалните капацитети и потреби, – сè додека депоата во македонските музеи се импровизирани простори што не ги исполнуваат основните стандарди и наместо да ја обезбедуваат, ја загрозуваат безбедноста на музејските предмети и на кустосите што работат со нив, – сè додека музејските публикации и археолошките научни трудови и студии се објавуваат при речиси празни и неупотребливи стручни библиотеки, – сè додека неукиот збор е замена за стручното знаење и научното толкување, Сè дотогаш ќе остане горчливиот факт дека, наместо вистинските виновници, на обвинителната клупа се најде самото културно наследство: понижено, незаштитено, изнесено преку граница, украдено секогаш од непознати сторители….“

ТМ, врз основа на следењето на процесот и врз основа на расположливите информации врзани за конкретен случај , смета дека постои:

1. Злоупотреба на мерката притвор,
2. Притисок на власта врз независноста на судството
3. Груба повреда на владеење на правото
4. Слабост на институциите и државната администарција
5. Селективна правда.

ТМ предупредува дека овој случај е само еден од многуте, кој создава правна несигурност кај граѓаните, т.е. дека институциите на системот немаат капацитет да работата во согласност со уставните гаранции за заштита на правата и на правдата“, соопштува Транспарентност Македонија.

Би можело да ве интересира

ТМ: Димитриев да го објасни потеклото на парите со кои ВМРО-ДПМНЕ лобира во странство.

Емир Латифовиќ

ТМ: Има елементи на организиран криминал поврзани со Фондот за пензиско осигурување

Ана Ололовска

ТМ: Борбата против корупцијата е само на хартија, буџетот на Град Скопје е во функција на пропагандните потреби

Емир Латифовиќ

ТМ: Луксузот на премиерот, скриениот имот и трошењата ги одбележаа јули и август

Емир Латифовиќ

ТМ: Критичарите на власта се мета на насилства

Емир Латифовиќ

ТМ: Ветувањата на премиерот не можат да се остварат со буџетот за 2015

Емир Латифовиќ