Мисини, Георгиев и Ѓорчев ќе лобираат за Македонија во Брисел

Од:

Хајрула Мисини , претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, и пратениците Гордан  Георгиев и Влатко Ѓорчев  од денеска до 6. декември ќе престојуваат во Брисел.

За време на нивната посета, која е во пресрет на декемврискиот состанок на Европскиот совет, на кој ќе се одлучува по препораката на Европската комисија за давање датум за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ, македонската делегација ќе се сретне со повеќе европратеници во Европскиот парламент.

Покрај лобирањето за добивање датум за преговори, на средбите ќе бидат разменети и мислења за евроинтегративните процеси во земјата.

 

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел