Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР организираат Конференција за учество во изборниот процес на лицата со попреченост

Од:

Конференција за промовирање на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес ќе се одржи денеска од страна на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот, организиран по повод Глобалниот изборен ден, ќе помогне во подигањето на свеста за ограниченото учество на лицата со попреченост во јавниот живот и изборниот процес, соопштуваат оттаму. Фокус на дискусијата, како што најавија, ќе бидат мерките за полесно управување со демократските институции и инклузивните процеси на донесување одлуки.

На воведната сесија ќе се обрати амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лусине Бадалјан, виш советник за избори од ОДИХР, Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија и Бојана Младеновска, активист за правата на лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов