Мисајловски за лажните пасоши: Да почекаме за да видиме дали Владата и МВР се целосно вмешани

Од:

Пратеникот Владо Мисајловски од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ бараше одговорност од власта поради лажните пасоши издавани на криминалци. Прашан да каже дали тој и неговата партија ќе кажат кои функционери на власта се вклучени во издавањето на овие патни документи на членови на меѓународни криминални групи, Мисајловски рече тоа да го објави Обвинителството. Тој побара кривична одговорност, без да посочи конкретни имиња.

„Нека почне Обвинителство да кажува, тоа им е задача, за тоа земаат плата. Ние сме тука како коректив на власта да го кажеме она што ќе го добиеме како материјал, да обзнаниме, на крај од денот институциите треба да функционираат. Но, за да функционира една држава, треба институциите да функционираат. Во Македонија за жал, не функционираат. Дали Владата и МВР знаеле за ова? Па да почекаме да видиме дали знаеле и дали се вмешани целосно. Според мене истрагата треба да се прошири на сите луѓе кои добиле пасоши, кој е тој што стои позади нив, кој ги земал средствата и кој го правел сето ова. Ова е организирана игра од власта и мора да знаеме до каде ќе оди“, рече Мисајловски.

За наредните денови, Мисајловски најави и нови детали за случајот „Двојник“ кој го водат МВР и Оббвинителството.

„Да мора да има кривична одговорност. Ќе направиме се што можеме за тоа да го направиме. Но, прашањето не е до ВМРО-ДПМНЕ, директно за одговорност. Што прават овие луѓе? Што треба да се случи во оваа држава за конечно некој да каже дека морално ќе си понесе оставка. Навистина никој не си понесува одговорност, слушаме пресови како се е блескаво. Одговорност мора да има“, додаде Мисајловски.

Би можело да ве интересира

На 11 мај продолжува судењето за „Двојник“

Ана Ололовска

Две години и пет месеци затвор за една од обвинетите вработени во МВР која призна вина во „Двојник“

Ана Ололовска

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Ана Ололовска

Андонова: Во очекување ќе бидеме и на следно признание на вина во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за случајот „Двојник“

Ана Ололовска