Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски тврди дека партијата има 50 илјади гласови повеќе од СДСМ за советничките листи. Тој посочи дека залудни биле притисоците на СДСМ за време на изборниот ден и во кампањата. Според него, неговата партија има победа во 40 општини во советите на општините.
„Македонија го победи криоминалот и безидејноста кои ги зодава власта на Зоран Заев, рече тој.
Дел од 21 општинина за кои Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ победила се Аеродром, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Зрновци, Виница, Петровец, Штип, Карбинци, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Новаци, Јегуновце. Тој посочи дека очекува за кратко да стигне победата и во Ѓорче Петров. Мисајловски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ победи и на советничката листа за Град Скопје, а убедливо води и независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од неговата партија.
Водство, без победа во првиот круг кажа дека има во Зелениково, Чешиново-Облешево, Радовиш, Охрид, Битола, Кичево, Брвеница.
Прашан дали очекува поддршка во вториот круг од БЕСА, ДОМ, ЛДП кои коалицираат со СДСМ кога е во прашање централната власт, тој одговори потврдно.
„Кажав и на пресот, ајде да се обединиме. Во Македонија подолго време има опозициско расположение“, додаде Мисајловски.