Мисајловски: Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Од:

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои Општина Гази Баба.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ.

– Како Влада посветено работевме да ги подобриме сите услови во поплавените подрачја и за тоа направивме неколку крупни чекори. Пред се, обезбедивме дополнителни три милиони евра директно од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта за подобрување на локалната патна мрежа, а воедно и го сменивме Законот за да може „Македонија пат“ директно да се вклучи во изградбата на сите локални патишта во местата зафатени со поплавите.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава