Мисајловски: Имаме преку 300 починати за една недела, што уште треба да се случи за да си поднесат оставка Заев и Филипче

Од:

По прес конференцијата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше прашан за коментар во однос на оценката на Зоран Заев, дека премиерот не чувствува кај него и дека нема да бара одговорност од Венко Филипче, по однос на здравствената состојба и рекордите, за жал на починати КОВИД пациенти.

„Што треба во оваа земја да се случи за некој да понесе одговорност? За жал, вчера мислам дека имаше 51 починат. Изминатите денови слушаме бројки огромни, чинам преку 300 луѓе починаа за една недела. Што треба да се случи во оваа земја за некој да чувствува одговорност? Преполни болници имаме, луѓе молат да најдат кревет, луѓе бараат помош за роднини и пријатели како да ги сместат, а вакцини нема. Вакцини сега стигнаа со помош, некоја минимална, што молиме по целиот свет, а гледаме што се случува хаос“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека луѓето за жал одат во Србија за вакцинирање бидејќи државата односно власта и министерот за здравство не се способни да обезбедат на граѓаните вакцини против Ковид-19.

„А, ви текнува во минатото имаше вонредна ситуација да се справат со сите овие работи што требаше, навидум, да ги предвидат. Ништо не работат! Затоа треба сите да си понесат оставка“, нагласи Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски