(ВИДЕО) Мирсаде: Го кршите Уставот за да не ја предадете власта

Од:

Пратеничката на ДУИ, Емини Мирсаде, кажа дека со манифестацијата во Гостивар, повторно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста.

– Вие сакате да кажете дека опасноста доаѓа од албанскиот народ, а сведоци сме на прекршување на Уставот, со цел да не се предаде власта.

Таа истакна дека партиите на Албанците не се за кантонизација и двојазичност, туку бараат правда и нагласи дека сите сме живееле и ќе продолжиме да живееме заедно.

Димовски процедурално одговори дека натписите на манифестацијата биле само на албански јазик, спротивно од претходното негово тврдење, дека и говорите се држеле само на албански јазик.

– Треба да имаме адекватни односи, да немаме чувство дека некој од администрација во Гостивар е избркан само затоа што е Македонец. Да потпишеме документ и да ги бараме истите права, како на Албанците во Македонија, така на Македонците во Албанија, за да почнеме да имаме некаква доверба, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска