Мировниот корпус со поддршка за развој на образованието

Од:

Американскиот мировен корпус во земјата и годинава ќа ангажира волонтери кои е предвидено да се вклучат во работата на основните и средните училишта во земјата, со цел придонес кон подобрувањето на квалитетот на наставата, особено на часовите по англиски јазик.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и Марк Хенфин, директорот на Мировениот корпус, и Дејвид Рут, програмскиот директор на Мировниот корпус за Македонија.

За време на разговорот министерот Адеми истакна благодарност за досегашната соработка, но и задоволство што Мировниот корпус останува искрен партнер на Македонија во остварувањето на целите од националните стратешки документи, меѓу кои и Стратегијата за образование 2018 – 2025 година.

Мировниот корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Во изминатите 22 години повеќе од 7.200 граѓани волонтери на САД ги спроведуваа принципите на Мировниот корпус во Република Македонија и даваа придонес во напорите за подобрување на состојбите во образованието, во развојот на дијалогот меѓу заедниците и промоцијата на државата.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци