Мирчески: Имаме историски договор, обезбеден македонски идентитет и влез во ЕУ и НАТО

Од:

Претседавачот на Централиот одбор на СДСМ, Пеце Мирчески вчера попладне беше во посета на Велес каде што се сретна со граѓаните и подржувачите на партијата.

Мирчески разговараше со граѓаните за реализираните мерки кои значат поквалитетен живот за граѓаните, за инвестициите во инфраструктурата, странските инвестиции и намалените трошоци за живот. Се зборуваше и за актуелната политичка ситуација во земјава и историскиот Договор за решавање на две и пол деценискиот спор што Македонија ја влечеше надолу.

-Се постигна историски договор, договор кој значи гаранција и обезбеден македонски идентитет, Македонски јазик, Македонец, Македонка….Кога велиме ДА за македонската иднина, тоа значи сигурна и стабилна иднина, повеќе пари, инвестиции, раст и развој. Членство во ЕУ и НАТО тоа го носат, рече Мирчески

Затоа, додаде Мирчески поготвени сме да водиме и ве повикуваме да не следите. Да кажеме ДА за Македонија која чекори напред, за перспективна и силна Македонија, да кажеме ДА за економски раст и развој и европски животен стандард на граѓаните на оваа држава. Да кажеме ДА за македонската иднина!, рече Мирчески.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат