МИОА: ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, нема злоупотреба на позиции, изборите се одложени

Од:

ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и да обвинува без конкретни докази. Обвинувањата за злоупотреба на јавна функција и вработувања во изборен период, во најмала рака се апсурдни, затоа што да потсетиме предвремените парламентарни избори закажани за 12ти април се одложени, а во државата е прогласена вонредна состојба, реагираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За да може државата непречено да функционира и да биде во служба на сите граѓани, во време кога во светот е прогласена пандемија, Владата на Република Северна Македонија, усвои Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес. Во член 7 од Уредбата е наведено дека:
„Од денот на стапување во сила на оваа уредба па се до денот на престанок на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик. Од денот на стапување во сила на оваа уредба па се до денот на престанок на вонредната состојба не се преземаат никакви дејствија врз основа на Изборниот законик.“

За појаснување, во членот 8-а од Изборниот законик се регулираат забраните во време на изборен процес. Ова значи дека институциите по прогласувањето на вонредна состојба, продолжуваат да работат надвор од предвидените забрани, со цел исполнување на своите законски обврски.

Во однос на евентуалните злоупотреби кои денеска ги нафрла дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, потсетуваме дека за разлика од време на ДПМНЕ, денеска институциите работат професионално и по секоја пријава постапуваат соодветно, реагираат од МИОА.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски