Минута по полноќ родено првото бебе во новата 2021 година

Од:

Две машки бебиња се родени после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Во два часот по полноќ родено е и едно женско бебе.

Првородените бебиња, поради протоколите за коронавирусот, денеска ги посети само министерот за здравство Венко Филипче.

Град Скопје им додели штедна книшка во износ од 20.000 денари, на првородените бебиња во 2021 година, а Министерството за труд и социјална политика златник. Од Министерството за здравство информираат дека подароци ќе има и за женското бебе.

Првороденото бебе е второ дете на 35-годишната мајка Бојана Миланова. Тешко е 3.650 грама и долго 51 сантиметар.

Само неколку секунди по првото бебе, родено е второто машко бебе тешко 3.350 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е 33-годишната Габриела Ѓошевска.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on