А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Миноски: ВМРО-ДПМНЕ е за раст на платите и пензиите, СДСМ за кратење

by А1он20/12/2016 - 15:21109
Share0

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се за раст на платите, на пензиите, на капитални инвестиции, за економски политики кои ќе ја придвижат економијата напред, кои ќе обезбедат економски раст и ќе креираат нови работни места, додека СДСМ е за рестриктивна економска политика. За кратење на платите и пензиите, за отпуштања, за намалување на потрошувачката, со што ќе предизвика стагнација што ќе доведе до нови отпуштања, до продлабочување на кризата а потоа економијата ќе влезе во вртлогот од кој што ќе се најдеме на пат-неповрат.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакна Кирил Миноски министер за финанси и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција во партиското седиште.

Тој додаде дека граѓаните денес можат да се уверат дека кога нешто ќе ветат стојат на зборот и оти нивниот збор значи сигурност.

Тој додаде дека СДСМ пред изборите, пред само една недела, пред граѓаните ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа, како што истакна, не еднаш, туку два пати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и кратење на пензиите.

Следете a1on на Youtube YouTube

– На ова предупредувме. СДСМ сакаше на граѓаните да им подметне уште еден 15-ти септември. Но за среќа, овојпат мнозинството на граѓани не поверува на лагите. Тоа е единствената позитивна страна во сето ова, рече Миноски, додвајќи дека од опозиција овие луѓе нема да може да им наштети на граѓаните на Република Македонија, нема да отпуштаат луѓе од работа за да ги вработат своите послушници, ќе ги кратат плати и пензии.

– Кога беше на власт, ги скрати пензиите за 8 отсто. Ниту еднаш не ги покачија, а ги скратија за 8 проценти! Пензиите ги исплаќаа на рати, во три групи во месецот. Пензиите постојано доцнеа. 200.000 граѓани беа избркани на улица и останаа без работно место, што значи дека 200.000 семејства беа оставени да живеат во сиромаштија и без средства за егёистенција. Стапката на невработеност изнесуваше рекордни 38 проценти во светски размери, потенцира Миноски и додаде дека благодарение на политиките и мерките што ги преземаше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потоа беа искреирани нови 160.000 работни места и стапката на невработеност е сведена на историски најниски 23,4 проценти.

Според Миноски мнозинството на граѓани се одлучи за нови работни места, а не за затворање на постоечките, реваншизам и бркање од работа и потенцира дека ќе продолжат со политиките и мерките за отворање нови 70.000 работни места.

Потсети дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми просечната пензија за 70 проценти, а најниската пензија за дури 90 отсто и оти за разлика од СДСМ нема да ги кратат пензиите, туку, како што ветивле, во следните 4 години ќе ги зголемат  за дополнителни 10,25 отсто.

– ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2007-2008 година, пред светската економска криза, ги покачи платите во јавниот сектор за 25 отсто. Во октомври 2014 година се реализираше уште едно покачување на платите во јавниот сектор за 4 отсто. Во следните 4 години, како што ветивме, платите во јавниот сектор ќе ги зголемиме за 10,25 отсто, наведе Миноски и додаде дека оа е првата Влада во Република Македонија која со закон ја утврди висината на минималната плата во земјава и според нивните ветувања таа ќе ја зголемат на износ од 14.000 денари.

Миноски потенцира дека позициите се сега многу појасни и ги увери граѓаните дека тие стојат на зборот што го ветиле и оти граѓаните може да се потпрат нанивниот збор кој значи сигурност.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео