Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за С. Македонија

Од:

Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата, соопшти Министерството за одбрана.

Целите на способности, посочуваат, го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите – членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО.

– Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено имајќи предвид дека секоја земја развива специфични капацитети, кои заедно ја прават Алијансата поцврста и поспремна да ја гарантира безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, наведуваат од Министерството.

Министрите за одбрана на состаноците разговарале и за Авганистан, и потребата никогаш повторно да не се дозволи оваа земја да биде упориште на тероризмот. Со една комплексна, но добро координирана акција на НАТО, од Авганистан беа евакуирани над 130 илјади граѓани кои во изминатите две декади им помагаа на силите на НАТО во оваа земја. Северна Македонија, додаваат од Министерството, и во овој случај со привремениот прием на одреден број авганистански граѓани покажа дека е сојузник на кој Алијансата може да се потпре.

На маргините на овие состаноци, министерката Радмила Шекеринска остварила бројни средби со министрите од сојузничките земји на кои била потврдена заложбата за развој на меѓусебните билатерални одбранбени односи. Шекеринска во Брисел, се сретнала и со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино каде ја пренела пораката дека Северна Македонија испорача резултати и дека е потребно Унијата час поскоро да го отвори патот кон полноправно членство.

Пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката учествувала на церемонијата за именување на централната раскрсница во Врховната команда на сојузничките сили во Монс – „Скопје“, со што нашиот главен град се приклучи на традицијата на именување на улици во оваа Команда според НАТО престолнините.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО