ВИДЕО: Министрите остануваат до 24. февруари, СДСМ не оди на избори во април

Од:

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука двајцата министри и тројцата заменици министри да останата во Владата до 24 февруари, а истото важи и за пратениците во Собранието.

– Демократска Македонија инсистира договорот од Пржино да се исполни во целост затоа што не постои алтернатива на овој договор. Едонстраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24 февруари и да оди на избори на 24 април без претходно исполнети услови за фер, демократски услови за регуларни избори ја стави СДСМ пред одлука со 2 опции, да ги напушти државните институции или да ја даде шансата да се корегираат одлуките за датумот на изборите. Остануваме посветени договорот да се исполни во целост, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор.

Тој нагласи дека ќе дадат шанса до пред распуштањето на Парламентот да се корегираат одлуките за датумот на изборите за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите, а доколку остане одлуката што ја изгласаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за избори на 24 април, тогаш СДСМ ќе ги повлече министрите и нема да учествува на изборите.

– Заклучоците кои ги донесовме на Централниот одбор после дебатата се следните: фер, регуларни и демократски избори за Македонија се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа, менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна реализација на договорот од Пржино, рече Заев.

Заев додаде дека опозицијата останува на се што е предвидено во договорот од Пржино, останува во Владата и Парламентот целосно, за да не дадат никаква причина на ВМРО-ДПМНЕ да каже дека тие се оние кои го прекршиле договорот.

– Не сме имале притисок од меѓународната заедница, ја повикуваме пријателски настроената меѓународна заедница да држи до принципите на европските вредности. Имаме капацитет да ја вратиме Македонија во нормалниот колосек, да ги вратиме слободата, демократијата, правдата и европските принципи, рече Заев.

Александар Тодески

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра