Министрите на СДСМ поднесоа оставки во Владата

Од:

Министрите и замениците министри на СДСМ поднесоа оставки во Владата.

-Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесoa оставки на функциите во Владата на Република Македонија.

Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат.

Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р.Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор.

СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија, пишува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он