Министерство за одбрана: Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво

Од:

Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана во врска со наводите за сексуално вознемирување на припадничка на Армијата во касарната во Куманово.

– Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже Министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, се вели во реакцијата од Министерството.

Претходно од МВР информираа дека вработена во Армијата во СВР Куманово пријавила дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ, која изјавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.

Од полицијата информираат дека за ова е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки