Министерството за животна средина го задолжи МВР да направи план за возење пар-непар

Од:

„Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја информира јавноста дека на 94-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 15.02.2017 година се разгледани предлог-мерките на Министерството за намалување на загадувањето на воздухот во алармантни состојби. При тоа Владата ги усвои овие заклучоци:

– Го задолжи Министерството за внатрешни работи, во најбрз можен рок, да направи измени и дополни на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел овозможување на спроведување на наредба за органичување на сообраќајот, односно воведување на мерката пар-непар.

– Ги задолжи сите органи на државната управа, им препорача на агенциите, фондовите, бироата, а им укажа на заводите, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила при надминување на прагот на алармирање, мерка која МЖСПП веќе ја применува;

– Им препорача на советите на општините и претпријатијата за јавен паркинг, да ја разгледаат можноста за зголемување на цената на паркинг услугата при надминување на прагот на алармирање со што би се стимулирало користењето на јавен транспорт како и друг вид алтернативен превоз.

– Им укажа на ЈП “Македонски Шуми” во рок од еден месец да изготви и до Владата да достави, анализа за состојбата на дрвната маса која се користи за огрев од домаќинствата во Република Македонија, во однос на процентот на влажност, и во рок од два месеца да издготви и до Владата да достави план за постепено постигнување на стандардот од 20% влажност на дрвната маса која се користи за огрев од домаќинствата во државата; и

– Го задолжи Комитетот за здравје и животна средина да организира и во рок од 30 дена одржи посебна седница со една точка на дневен ред, предлагање мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот во Република Македонија“ известуваат од Министерстовото за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош