Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), согласно препораките на Владата, донесе одлука да ги сведе на минимум директните средби со странки како превенција и елиминирање на можноста од ширење на коронавирусот.
Според МЗШВ, сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани или презакажани.
„Сите што имаат потреба за контакт и информација од Министерството, тоа да го сторат на меил адресата [email protected] и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08:30 до 16:30 часот“, соопшти Министерството.
Воедно апелира до сите соработници и корисници на услугите да ги почитуваат превентивните мерки донесени од Владата за да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.