Министерството за здравство ќе одлучува какви донации се потребни за семејствата на настраданите и повредените од „Пулс“

Од:

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани. Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите.

– Имавме неколкучасовна средба со експерти, родители, млади кои беа директно засегнати во трагедијата и слично. Одлучивме дека крајно време е Министерството за здравство заедно со Владата да преземе лидерство во координацијата со сите процеси, во врска со тоа каков вид на донации се потребни. Министерството ќе ја раководи работната група, во која ќе има и претставници од други институции. Во недела ќе ги соопштиме и имињата на луѓето од работната група, како да се контактира со нив. Пред нас се приоритети, краткорочни и долгорочни процеси, потенцираше тој.

Алиу информираше дека ќе се отвори и мултифункционален иновативен центар, што ќе нуди различни услуги, сервиси, простор за младите и другите во Кочани.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети

А1он

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа