Министерството за здравство демантира дека ќе се плаќа партиципација за преглед на онкологија

Од:

„По најавите дека ќе има плаќање на партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија сакаме да демантираме во целост дека ќе има такво наплаќање.

Во Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018та година е наведено дека програмата опфаќа лекување на малигните болести со хируршки третман, зрачење и апликација на хемиотерапија (цитостатици). Видот и начинот на третманот зависи од природата и стадиумот на болеста.

Со оваа програма се обезбедуваат средства за партиципација за осигурените лица, а осигурените лица правата од здравствената заштита ги остваруваат врз основа на своето здравствено осигурување.

Според оваа програма се што е поврзано со малигни болести не треба да се наплаќа партиципација. Лекувањето на карциномите опфаќа покрај хируршки третман, зрачење и апликација на хемиотерапија, следење на болеста, периодични прегледи и лаборатории.

Иако во оваа програма јасно не е наведено дека партиципацијата за прегледи, лабораторија и пункции нема да се наплаќа, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување цврсто го потврдуваат ставот дека целиот тек на следење и лекување на малигните болести се ослободува од партиципација.

Дополнително како Влада на Република Македонија работиме и на ослободување од партиципација и за други категории на осигуреници“ се вели во соопштението на министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува