А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерството за здравство: Да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и граѓаните со симптоми да се пријават

by А1он26/02/2020 - 15:1726/02/2020 - 15:21447
Share0

Задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката.

Добивај вести на вибер

По употребата, марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Ова се дел од препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот.

Потребно е да се воведе дополнителна заштита на храната, да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната, да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање непреработена храна и да се мијат задолжително рацете по секоја нејзина подготовка, а при подготовка на месо и јајца тие убаво термички да се обработат.

Покрај тоа, треба да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари, односно задолжително да се носат заштитна опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки, односно да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

Патниците кои по пристигнување во територијата на Република Северна Македонија имаат сомнителни симптоми слични на коронавирусот треба да се пријават на броевите за контакт што ги објави Министерството за здравство, а се поделени во региони.

koronavirus

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он02/02/2022 - 18:45

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он25/01/2022 - 16:30

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он01/12/2021 - 17:08

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска01/12/2021 - 13:2501/12/2021 - 20:49

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска08/11/2021 - 13:4608/11/2021 - 14:48

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска17/10/2021 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен