Министерството за труд: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува и деца за политички цели

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека во врска со случајот на „претепано 10-месечно дете во градинка во Гевгелија“ како што тоа беше пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на своите надлежности спроведе вонреден инспекциски надзор.

„Од страна на инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негувателките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан, детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негувателките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. Мајката била известена за настанот при преземањето на детето од установата, со оглед на проценката на негувателките од нивната досегашна практика дека се работи само за гребнатинки. Директорката на установата била известена за настанот, од страна на негувателките истиот ден. При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негувателките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство“, се истакнува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка Детска радост –Гевгелија, додаваат од таму, поднела предлог за поведување дисциплинска постапка против негувателките и донела решение за формирање н комисија за утврдување повреда на работната дисциплина.

При вонредниот инспекциски надзор било утврдено дека директорот на Јавната општинска установа за деца- детска градинка Детска радост –Гевгелија, постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Министерството за труд и социјална политика остро ги демантира изјавите на член на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за „брутално претепано дете“ и силно укажува на тоа дека децата не смеат да се користат и злоупотребуваат за политички цели. А ширењето трав, манипулација и чувства на вознемиреност и несигурност кај граѓаните се познат начин на делување на ВМРО-ДМНЕ, велат од оваа институција.

Според министерството и градоначалникот и Советот на Општина Гевгелија, кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, во делокруг на своите законски обврски како основач на установата, во неколку наврати го прекршија Законот за заштита на децата, заземајќи ставови и носејќи одлуки спротивни на законот и интересите на граѓаните, а спроведување на законот е нивна законска обврска, утврдено од инспекциските служби.

Министерството за труд и социјална политика, како надлежно за областа заштита на децата, преку вршење инспекциски надзор, посочуваат од таму, неколкупати даде укажувања за постапување во рамки на законот на Градоначалникот на општина Гевгелија и на Советот на Општина Гевгелија со оглед на фактот дека беа констатирани материјални и процедурални недостатоци во нивната работата и кршење на одредбите од Законот за заштита на децата.

„Поради не постапување на градоначалникот на општина Гевгелија и Советот на општината, по дадените укажувања Министерството за труд и социјална политика согласно закон на градоначалникот на Општина Гевгелија и Советот на општина Гевгелија им одзема надлежности поврзани со донесување одлуки од нивна страна во делот на детската заштита и непречено одвивање на процесот згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст во ЈОУДГ Детска тадост Гевгелија , меѓу кои и одземената надлежност за избор на директор, за кој градоначалникот на Општина Гевгелија не изврши избор по претходно законски спроведена процедура во определениот законски рок. Напоменуваме дека директорот на установата од страна на Министерството за труд и социјална политика е именуван согласно одредбите од Законот за заштита на децата“, се додава во соопштението од министерството.

Заложбите отсекогаш биле и ќе останат приоритет за обезбедување безбедни услови за згрижување на децата во предучилишните установи, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов