Министерството за транспорт: Жерновски пласира невистини и дезинформации

Од:

Министерството за транспорт и врски преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски на која, како што се наведува, се пласирани невистини и дезинформации со кои се дискредитираат активностите во доменот на управувањето со градежното земјиште.

Од Министерството појаснуваат дека сите отуѓувања на градежно земјиште се реализирани во согласност со деталните урбанистички планови и преку јавни наддавања.

– Предметната локација, за која денес зборуваше Жерновски е наменета за изградба на катна гаража согласно Детален урбанистички план донесен од страна на Советот на општина Центар, што како инфраструктурен објект е помалку атрактивен во однос на останати локации (на пример за трговски центар, како што споредува Жерновски во изјавите, кој во близина на оваа локација во времето на СДСМ беше продаден по 25 евра за метар квадратен). И покрај тоа, Министерството за транспорт и врски обезбеди инвеститор за реализирање на овој проект по пат на јавно наддавање, по три пати поголема од законски определената почетна цена на јавното наддавање, се наведува во соопштението.

Почетната цена на јавното наддавање, како што информира Министерството, изнесувала 1.850 денари, а по пат на лицитација постигна е цена од 6.150 денари за метар квадратен. Како гаранција за реализација на овој проект обезбедени се и две банкарски гаранции од по 200.000 евра.

– Жално е што од почетокот на неговиот мандат, досега Жерновски, исклучиво се интересира за смислување сензации во кои тој се претставува како позитивен, а претставниците на власта како негативни ликови. Останува впечатокот дека единствено што го интересира се политички настапи и говори без правна подлога и барање виновници за се, велат од Министерството.

Оттаму прашуваат во колку медиуми биле објавени огласите за продажба на градежно земјиште во времето на СДСМ и на кој начин за време на нивниот мандат е продавано државното земјиште за трговскиот центар „Рамстор“.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска