Министерството за транспорт ќе го тужи Шилегов за клевета ако не се извини

Од:

Министерството за транспорт и врски ги демантира, како што наведува во пишаната реакција, лагите на СДСМ и нивниот портпарол Петре Шилегов дека направило багателна продажба на скапо земјиште во центарот на Скопје.

– СДСМ лаже и си прави весела математика со бројките што денеска ги соопшти Шилегов. Да ги посетиме СДСМ и целокупната јавост дека Министерството за транспорт и врски во јуни 2012 година најтранспаренто преку јавно наддавање продаде една, а не две парцели  кај АМСМ како што велат до СДСМ. Земјиштето го купи правно лице кое понуди највисока цена на јавното наддавање, се вели во соопштението.

Министерството укажува дека постапката за продажба на земјиштето била јавна и транспарентна и на неа можел да се пријави било кој што имал интерес да го купи земјиштето. Во конкретниот случај на јавното наддавање биле пријавени две фирми и тоа Никофон и Сити Централ Интернационал.

Почетната цена на земјиштето била 1850 денари по метар квадратен, а преку јавното нддавање парцелата е продадена за 6150 денари по метар квадратен.  Компанијата што понудила највисока цена го купила земјиштето за 7.656.750 денари.

– Шилегов денеска случајно или не заборави да каже дека компанијата што го купи земјиштето ставила под хипотека дополнително уште две недвижности со цел да подигне кредит. Имено покрај градежното неизградено земјиште за наведениот износ на кредит ставени се под хипотека и деловeн објекти на улица Македонија од 150 метри квадратни и уште еден простор на истата улица од 29 метри квадратни. Дополнително висината на средствата кои се подигнати се искористени за да се плати надоместокот за уредување за земјиштето со намена катна гаража, се наведува во соопштението.

Го прашуваат Шилегов каде гледа криминал во целата продажба, а како правник да каже кој закон е прекршен.

– Да потесетиме дека кога СДСМ беа на власт продадоа земјиште со намена деловен простор кое се наоѓа на наспроти локацијата за која сега лажат и изнесуваат невистини  и тоа за багателна цена од 25 евра за метар квадратен и тоа без транспарентна постапка и во четири очи. Доколку Шилегов во рок од три дена не се извини на ист начин како што денес изнесе еден куп лаги, Министерството за транспорт и министерот ќе поднесат тужба за клевета, стои во соопштението.

Министертството за транспорт и врски нагласува во никој случај не ги оштетило граѓаните на Република Македонија ниту државниот буџет преку продажба на ова земјиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“