Министерството за одбрана воведува ред во давањето недвижнини под закуп

Од:

Министерството за одбрана денеска објави оглас за давање под закуп деловни простории по пат на електронско јавно наддавање за период од седум години. Огласот е објавен на интернет-страницата како и во печатените медиуми.

Предмет на закуп ќе бидат повеќе деловни простории со различна големина – во Скопје (општина Кисела Вода), Битола, Кичево и во Тетово.

Како што соопшти Министерството за одбрана, право на учество на јавното наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица, а краен рок за пријавување за учество на наддавањето е 29 јуни 2018 година. Постапката ќе ја спроведе Комисија на Министерството за одбрана на целосно транспарентен начин, при што ќе бидат испочитувани сите пропишани процедури.

Подетални информации во однос на пријавувањето за електронското јавно наддавање, за деловните простории, како и увид во истите, заинтересираните лица може да пронајдат на адресата:

Во текот на следната недела ќе биде огласен и простор во Дом на АРМ.

– Со Одлука на Владата на Република Македонија и со Решение на министерката за одбрана Радмила Шекеринска повторно се воспоставува ред во начинот на давање под закуп на недвижен државен имот кој е под управување на Министерството за одбрана, наведува Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска