Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

Од:

Министерството за одбрана ниту демантира, ниту потврдува дека четирите воени авиони „СУ-25“ кои Македонија ги купи од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година ќе и бидат донирани токму на Украина која во моментов е во војна со Русија.

На прашањето дали е точно дека четирите стари авиони кои ја чинеа Македонија четири милиони евра ќе и бидат донирани на Украина, од Министерството за одбрана кусо одговорија:

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“.

Од министерството за одбрана не одговорија ниту во каква состојба се воздухопловите и дали воопшто се функционални.

За време на војната во 2001 година Македонија купи четири борбени ловци „сухој СУ-25“ од Киев кои се наменети за поддршка на пешадиските единици. За време на конфликтот имаа неколку борбени летови поддржувајќи ги безбедносните сили кои делуваа од копно.

Претходно министерството ја потврди информацијата дека ќе се донираат старите тенкови откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа транспорт на тенкови.

„ Во наредниот период ќе се изврши трансформација односно расформирање на тенковскиот баталјон и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата, а реализацијата на овие планови веќе е во тек. Исто така, согласно Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 г. наведено е дека нема да се инвестираат дополнителни средства во модернизација и опремување во тенковски капацитети. Имајќи ја во предвид ваквата фактичка состојба, како и побарувањата од страна на Министерството за одбрана на Украина, Владата донесе одлука да ѝ донира на Украина одредена количина од овие капацитети кои им се неопходни за нивни потреби“, соопштија од МО.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова вчера рече дека Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да ѝ донираат тенкови на Украина, а нашето МНР истакна дека тоа е самостојна суверена одлука на земја членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Сибиха: Еден ден војна ја чини Украина 450 милиони долари

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Путин го планира својот последен удар

Горан Наумовски

ОН: Најмалку 70 цивили убиени, повеќе од 500 повредени во Украина од почетокот на мај

Неколку згради се оштетени во руски напад на Киев

Паника во Европа: Хантавирус и Украина