Министерство за здравство: Значително подобрени условите за престој на пациентите во Клиниката за психијатрија

Од:

Во рамки на активностите на Министерството за здравство за унапредување на условите во здравствените установи, во Клиниката за психијатрија во текот на изминатите три години се направија повеќе реконструкции и унапредувања за подобрување на условите за престој на пациентите, инфомира МЗ.

Од Клиниката велат дека исклучително е важно пациентите да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период, а за подобрување на целокупната здравствена состојба тоа е од неизмерна важност.

Клиниката за психијатрија значително ги промени условите и истата е целосно реновирана во изминатите три години, со целосна дигитализација и климатизација, опремена е со нов мебел за пациентите и амбулантите. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и опремени се со нова опрема. Извршена е и реконструкција на покривот на болницата, а направени се и подобрувања во околината на клиниката, соопштува Министерството.

За првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. Во текот на летниот престој на пациентите сега истите можат да го поминат времето и надвор на свеж воздух на неколку локации околу Клиниката каде се поставени нови клупи.

Дополнително, во изминатиот период воведени се нови методи за третман на пациентите и најсовремена антипсихотична терапија. Воедно, преку Европски програми (Horison 2020), Клиниката за психијатрија е вклучена и во научно истражувачки проекти, информира МЗ.

Грижата за пациентите со апликација на подобар и посовремен третман е она што секогаш придонесува до успех во подобрување на добросостојбата на пациентите. Во изминатите три години Министерството за здравство ги унапреди условите на повеќе од 30 јавно здравствени установи со што пациентите добиваат подобри услови и здравствени услуги, а здравствените работници подобри услови за работа, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска