Двегодишното детето кое беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг, извести денеска Министерството за здравство.
„Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело.
Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти. Уште еднаш апелираме до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје. Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и, за жал, можат да бидат и фатални, се вели во соопштението.
