Министерство за здравство: Обезбедивме над 30 молекули скапа биолошка терапија, сите жени со рак на дојка имаат терапија

Од:

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка.

„Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците.

Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Оттсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки.

Од оваа година, за првпат се обезбедени ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.

Вчера, во Клиничката болница во Битола се пушти во употреба новиот дигитален мамограф, достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја. Дигиталниот мамограф е обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020)“, велат од Министерство за здравство.

„Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.

Ги повикуваме сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Но, покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска