Министерство за здравство: Не е пријавен случај на почината пациентка од слепо црево

Од:

Министерството за здравство соопшти дека досега ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), не е пријавен ниту регистриран случај на пациентка од околу 25 години која, како што објавиле некои медиуми, наводно починала пред два дена од пукнато слепо црево и труење на крвта.

Според некои информации на кои се однесува известувањето од Министерството, девојката пред два дена била донесена во Клиничкиот центар во Скопје и по кратка евалуација била пуштена дома, а попладнето починала од пукнато слепо црево и труење на крвта.

– До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од Министерството за здравство и ДСЗИ, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење