Министерство за здравство: Не е отворена јавната набавка за мамографи

Од:

Министерството за здравство најостро реагира за денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за која велат се изнесени бројни невистини.

„Во однос на обвинувањата дека во Министерството за здравство има сомнителни набавки, сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се вели дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот со јавните набавки во Министерството за здравство. Ова е и доказ дека нема сомнителни тендери.

Согласно член 76 од Законот за јавните набавки Договорниот орган може, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка, да спроведе технички дијалог со економските оператори. Со самото тоа што Министерството за здравство објавило технички дијалог и овозможило секој економски оператор да даде свои мислења и коментари, може да се види отвореноста и транспарентноста на самата постапка, иако Законот за јавни набавки дава можност да не се спроведе техничкиот дијалог.

Во ова фаза на постапката (технички дијалог), 4 (четири) економски оператори доставија коментари и предлози во однос на тендерската документација и истите се разгледуваат од страна на стручни лица.“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Потенцираме, не е отворена јавна набавка за мамографи, велат од таму.

„Од причина што постапката се уште не е отпочната/објавена на ЕСЈН самите понудувачи немаат можност да поднесуваат понуди, поради што се поставува прашањето како би можело Министерството за здравство да фаворизира некој економски оператор кога постапката не е објавена, односно не е завршен техничкиот дијалог, кога немаме конечна тендерска документација, која се објавува по завршување на техничкиот дијалог во кој ќе бидат јасно наведено што се прифаќа, а што не од коментарите и барањата од економските оператори кои што учествуваа во истиот.“, се наведува со соопштението на министерството.

Од Министерството за здравство потенцираат дека стојат на располагање и отворени се за какво било појаснување или одговор во секое време, како што велат, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.

Би можело да ве интересира

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

А1он

Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, реагираат од Стоматолошката комора откако Алиу им го презеде лиценцирањето

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски