Министерство за здравство: Буџетот за ретките болести е дуплиран, во 2020 предвидено е да изнесува 527 милиони денари

Од:

Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести, информираат од Министерството за здравство.

Во 2020 година, како што информираат, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари.

Изготвена е Национална стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Десет годишната стратегија ќе биде дадена на усвојување од страна на Владата, со што овој стратешки документ станува документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести, се наведува во соопштението на министерството.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките