Министерство за транспорт и врски: Континуирано ја следиме состојбата во М-НАВ

Од:

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство.

-Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смеат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата, велат од Министерството за транспорт и врски.

Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.

-Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, порачуваат од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Серија пропусти во вработувањата во М-НАВ констатирал Инспекторатот за труд

М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор

Горан Наумовски

АЦВ подготви 11 задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози за фирма и лица

Мерката домашен притвор кај еден од „тепачите“ во М-Нав сменета во затворски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму