Министерство за локална самоуправа: Општините не ги исплаќаат обврските кон Центрите за развој

Од:

Поголемиот број од општините кои што согласно Законот за рамномерен регионален развој се основачи на Центрите за развој на планските региони, не ги исплаќаат своите обврски за нивно кофинансирање, со што се доведува во прашање исплатата на плати за вработените и оддржливоста на Центрите.

Ова беше соопштено на денешниот состанок со министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, од страна на раководителите на осумте Центри за развој на планските региони.

На состанокот на кој присуствуваше и државниот секретар, Кирил Парталов, раководителите на Центрите истакнаа дека проблемот е присутен со години, има општини кои од основањето до сега, во изминатите осум години, ниту еднаш не ја исполниле својата законска обврска за кофинансирање на Центрите, иако во истите општини се реализираат проекти од програмите за регионален равој со средства од централниот буџет.

Министерот за локална самоуправа Фазлиу истакна дека вакви состојби нема да се толерираат во иднина и дека треба да се најде брзо решение кое што на Центрите ќе им обезбеди континуирано функционирање.

Државниот секретар Кирил Парталов истакна дека во правец на решавање на овие состојби е и решението во Програмата на Владата за менување на статусот на вработените во Центрите во државни службеници, како и менување на начинот на нивно финансирање. До ваквите решенија ќе се дојде со законски измени со цел да се обезбеди системско решавање на проблемите.

Од состанокот произлезе секој од Центрите да подготви информација до Министерството за локална самоуправа за нереализираните обврски на секоја општина одделно, како и предлози од Центрите за можните начини на решавање на наталожените проблеми, врз основа на нивното искуство. По согледување на вкупните состојби и предлозите на Центрите, Министерството за локална самоуправа ќе пристапи кон долгорочно, системско решавање на прашањето за одржливо функционирање на Центрите за развој на планските региони.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска