Министерство за локална самоуправа: Инспекторатот нема надлежност да дава автентично толкување на законите

Од:

Министерството за локална самоуправа реагира на соопштението на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

„Министерството за локална самоуправа како надлежно за следење на функционалноста на системот на локалната самоуправа, реагира на денешното соопштение од Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Инспекторатот за локална самоуправа нема надлежност да дава автентично толкување на законите, меѓу кои и на Законот за локалната самоуправа.

Согласно официјалното мислење од Министерството за правда, надлежно за изборите, доставено до општините и до градот Скопје, постојните членови на советите на општините и постојните градоначалници можат да ги извршуваат своите, со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на месец мај.

Министерството за локална самоуправа смета дека е крајно непринципиелно целата ситуација дополнително да се комплицира со различни толкувања на законите, сега кога зад итното решавање на ова прашање застанаа парламентарните политички партии и постигнаа согласност за терминот на одржување на изборите, како и за продолжување на мандатите на градоначалниците и на членовите на советите со измени на Изборниот законик“ се вели со реакцијата на Министерството за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска