Министерство за култура: Жерновски нема правна основа за стопирање на „Скопје 2014“

Од:

Новиот градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски, нема право да ја стопира градбата и проектот „Скопје 2014“, велат од Министерството за култура на Република Македонија.

„Во врска со одлуката на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за прогласување мораториум врз градбите од „Скопје 2014“, информираме дека градоначалникот на оваа општина нема правна основа да пропише каков било мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура“, се вели во соопштението од Министерството.

„Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за
култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење“, додаваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар