Министерство за култура: Со голема сериозност се гради Струмичкиот театар

Од:

Струмичкиот театар е капитален проект кој се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура и од тука, со навистина голема сериозност, се реализираат сите фази од изградбата на овој сложен објект, реагира Министерството за култура на пишувањата на А1он и Плусинфо дека стагнира изградбата на Струмичкиот театар.

„Потсетуваме дека во изминатиот период беа изработени сите проекти кои се однесуваат на архитектурата, статиката, сценските технологии, акустиката и ентериерот на објектот. Исто така беше извршено рушење на одредени ѕидови но, од страна на изведувачот и на стручниот надзор беше констатирана и слабост на квалитетот на остатоците од објектот кои беше неопходно да се заменат со нови градежни материјали. За таа цел беше изготвен посебен проект кој беше доставен на ревизија до ГИМ-Скопје, до ИЗИС и до Управата за заштита на културно наследство заради добивање позитивно конзерваторско мислење. Постапката е во целост завршена и активностите околу изградбата на театарот продолжуваат со зголемен интензитет“, објаснуваат од Министерството.

Надлежна институција за изградбата на Струмичкиот театар е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, а Министерството за култура континуирано го следи степенот на реализација на проектот за кој се обезбедени средства во буџетот за оваа и за наредната година.

„Ние навистина не очекуваме разбирање за реализацијата на фазите на овој сложен проект од одредени структури кои никогаш немаат изградено театар или друг објект кој е во функција на културата во Република Македонија. Делата говорат за заложбите на Министерството за култура во исполнувањето на сето она што е ветено пред граѓаните. Министерството за култура досега изгради повеќе значајни објекти со кои се унапредија состојбите во културата, објекти со кои се гордее македонската јавност. Сите проекти кои се ветени во програмата на Владата на РМ и Министерството за култура се реализирани или се реализираат и во оваа смисла сметаме дека не треба да постои никаква загриженост бидејќи струмичани наскоро ќе го добијат својот нов театар“, се вели во писмената реакција од Министерството.

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски