Министерство за култура: Оценките на СДСМ паушални и неосновани

Од:

За Министерството за култура неприфатливи и неаргументирани се оценките на Советот за култура на СДСМ за Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2013 година.

Изјавите на Советот за култура на СДСМ ги оценуваат како паушални, неосновани и  крајно тендециозни.

– Годишната програма е внимателно и студиозно конципирана од страна на стручни комисии во сите дејности од областа на културата, и во истата се поддржани многу квалитетни и разновидни проекти на националните и локалните установи, граѓанските здруженија, истакнати поединци во областа на културата и млади уметници. Најважниот критериум кој е применет во изборот на програмата е квалитетот во сите жанрови и  сите дејности во областа на културата, а не партиската или каква и да е друга припадност, се нагласува во соопштението.

Министерството изразува жалење што СДСМ ја политизира културата и ги дискредитира уметниците и нивните уметнички потенцијали, додавајќи дека никогаш нема да дозволи културата да биде политички инструмент на одредени политички поединци.

– Владата на Република Македонија и  Министерството за култура покажаа и докажаа во изминатиот период, како треба да се почитуваат културните и уметничките вредности, како треба да се почитуваат уметниците, да се валоризира нивниот труд и да се дава огромна поддршка за унапредување и успешно промовирање на нивната дејност и резултати, дома и во странство. Визијата на Министерството за култура за културниот развој на нашата држава е отсликан и може да се види во документот кој за прв пат се носи во нашата држава, Националната стратегија за периодот за 2013-2017 година. Жалиме што СДСМ никогаш немал ниту визија, ниту чувство и почит за сопствената култура, за уметничките вредности, за уметниците, а за тоа говори и денешната реакција, велат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски