Министерство за култура ќе го испитува трошењето од службените картички

Од:

Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за култура детално ќе го испита трошењето средства од службените картички од 2011 година досега. Доколку се утврдат пропусти и неправилности, соопшти денеска ресорното Министерство, за нив ќе бидат известени надлежните органи, коишто се задолжени за понатамошно постапување и покренување соодветни пријави против сите инволвирани лица.

Најавата за детално испитување на трошоците е дел од конкретните активности на Министерството за култура откако објави информации од јавен карактер за трошоците преку службените картички на носителите на највисоки функции во структурите на овој ресор од 2011 година досега. Како што нагласуваат од Министерството за култура веќе се преземаат конкретни активности за утврдување на начинот на кој биле користени картички од страна на функционерите и сите овластени лица од нивните кабинети во овој ресор за тој период.

– Би сакале да ја потсетиме јавноста дека службените картички им биле доделени на функционерите за трошоци поврзани исклучиво со нивните службени активности и потреби во случај кога тоа е навистина неодложно, а не за лични потреби и трошоци, потенцираат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Јавна расправа за Предлог законот за култура – дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања

Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите

Катерина Ѓуровски