А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: Дозволата на ММИ одземена зашто потрошила повеќе од законскиот лимит

by А1он05/01/2016 - 11:3265
Share0

Министерството за култура информира дека дозволата за колективно управување со правата на уметниците, музичките изведувачи и произведувачи на фонограми на Македонската музичка индустрија – ММИ и е одземена затоа што во 2014 година има потрошено 81,5 проценти од прибраните парични средства за работењето на организацијата (плати за вработени, хонорари, закупнина и слично), повеќе од законски дозволениот лимит кој изнесува 15 проценти за оваа намена.

Добивај вести на вибер

– Негативното финансиско работење на Македонската музичка индустрија – ММИ беше констатирано и од страна на Владата на Република Македонија која даде негативно мислење за финансискиот извештај за работењето на оваа организација за 2014 година. Појаснуваме дека ММИ, согласно со Законот за авторските и сродните права, за работењето на организацијата може да потроши само 15 проценти од сите прибрани средства за своето тековно работење, додека остатокот од средствата во висина од 85 проценти треба да го распредели на носителите на правата. Исто така, ММИ не ја испочитува законската обврска за инсталирање софтвер за електронско евидентирање на емитуваните дела во радио-телевизиските организации, информира Министерството за култура.

Во соопштението Министерството наведува дека како и досега, и во иднина приоритет ќе му биде заштитата на авторските права и правилната распределба на средствата со кои соодветно ќе се вреднува творечката работа на носителите на правата (авторите, изведувачите, произведувачи на фонограми…) и дека нема да дозволи противзаконско работење на сметка на носителите на правата. 
Решението со кое на Македонска музичка индустрија е одземена лиценцата од Министерството за култура стапи во сила на 1 јануари 2016 година.

kultura

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Горан Наумовски03/02/2026 - 18:12

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 09:16

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:17

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 09:58

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 09:55

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен