Министерство за финансии: Шилегов има уште 24 часа да се извини на Ставрески

Од:

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов има рок уште 24 часа да се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Доколку не го стори тоа, наведуваат од Министерството за финансии, утре ќе му биде поднесена тужба за клевета и навреда.

– Шилегов денес молчи. Молчи затоа што е свесен дека лажеше дека вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со Лудвиг Фајфер. Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини или да се извини јавно. За двете опции времето немилосрдно му тече. Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреди и клевети му останаа уште само 24 часа. Шилегов јавно да му се извини на министерот за финансии Зоран Ставрески за лагата и клеветата. Во спротивно, во среда ќе му биде поднесена тужба за клевета и навреда, стои во соопштението на Министерство за финансии.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он