Министерство за финансии: Издадена е еврообврзница во вредност од 450 милиони евра

Од:

Денес Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата. Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија.

Успешното издавање на еврообрзницата е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент. Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Владиниот тим успеа да ги обезбеди неопходните средства значајни за одржување на макроекономската стабилност и развојниот тренд на македонската економија.

Постапката за издавање на еврообврзницата се одвиваше согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата, пишува на интернет страната на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Вложуваме напори да создадеме услови за пазарот на капитал

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ