Министерствата за финансии и животна средина задолжени да најдат пари за колекторот од Радожда до Калишта

Од:

Во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата на денешната 44-та седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Министерството за финансии (МФ) да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година.

Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска ја разгледа и го утврди текстот на Информацијата во врска со склучување на меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Србија, Советот на министри на Република Албанија и Владата на Република Северна Македонија за соработка за подобрување на увозот и транзитот на стоки и на Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и го овласти премиерот да ги потпише меморандумот и договорот.

На оваа седница, на предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции и го определи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише овој Договор.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро