Mинистерот за здравство, Филипче и координаторот на „Тика“, Ајтекин во посета на Заводот за заштита и рехабилитација „Банско“

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Ајден Ајтекин, координатор на „ТИКА“ беа во посета на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Банско“ за да го одбележат почетокот на заедничкиот проект за донирање на возило, кое што на штитениците во нашиот Центар ќе им овозможи многу полесно движење, а со тоа ќе ја подобри и нивната социјализација.

„На иницијатива на министерот за здравство почнавме една искрена и успешна соработка на Заводот со „ТИКА“, која ќе ја крунисаме со добивање на специјализирано и модерно возило приспособено на потребите на нашите штитеници кои користат инвалидски колички и ќе имаат лесен пристап до него.

Се надеваме дека наскоро донацијата ќе биде дел од нашата Јавна установа за што искажуваме голема благодарност за овој голем и хуман гест“, велат од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Банско“.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on