А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали

by А1он30/05/2024 - 17:3931/05/2024 - 08:09924
Share0

Министерот за здравство Илир Демири денеска испрати допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени.

Следете a1on на Instagram Instagram

Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.

-Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.

Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.

hirurski saliministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 12:2803/08/2026 - 12:30

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 11:37

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он02/08/2026 - 12:41

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 12:46

ВИДЕО: Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 12:3801/08/2026 - 17:14

МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

Горан Наумовски08/07/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео