Министерот за правда, Билен Салији, денеска учествуваше на отворањето на дводневниот Петти регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа.
Министерот Салији во својот говор рече дека реформите во домашното законодавство, организацијата на системот и пристапот во правораздавањето, претставуваат реална и правна неопходност.
Исто така, министерот Салији повикувајќи се и на извештаите на Европскиот суд за човекови права, која во Македонија во неколку наврати има констатирано повреди на човековите права, не ефикасна истрага на наводите за мачење и нечовечко однесување, зборуваше за конкретни мерки кои се преземени од Министерството за правда, каде меѓу другото рече: „Ми причинува задоволство да известам дека Владата на Република Македонија се погрижи она што почна како идеја во рамки на проект поддржан од Советот на Европа и Европската Унија да се реализира засега, во пакет на закони за зајакнување на независниот надворешен контролен механизам врз работата на полицијата и затворската полиција. Дел од пакетот закони веќе е усвоен од страна на Собранието. Искрено се надевам дека наскоро, поддршка за нивно усвојување ќе добијат и делот од законите за чие усвојување е потребно дво – тертинско мнозинство во Собранието“.
На крајот од својот говор, министерот Салији, истакна дека, ваквите настани ги поттикнуваат творечките сили во сферата на практиката, размената на искуствата, овозможувајќи на ваков начин заеднички придонес кон подобрувањето на почитувањето на човековите права во регионот.