Министерот за одбрана на Република Чешка Мартин Стропницки, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
По свечениот пречек пред Министерството за одбрана, како што е најавено, ќе оствари тет-а-тет средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Стропницки ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.