Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, во oфицијална посета на Македонија

Од:

На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во официјална возвратна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус.

Како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, литванскиот министер ќе се сретне и со државниот врв на Република Македонија, како и со повеќе пратеници во македонското Собрание.

На агендата на разговорите на двајцата министри ќе бидат прашањата за динамиката и развојот на македонско – литванските билатерални односи, секторската соработка, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план, како и литванската поддршка на процесот на интеграција на РМ во ЕУ и НАТО. Исто така, шефовите на двете дипломатии ќе разменат мислења и за повеќе актуелни прашања од регионални и меѓународни рамки.

Средбата Димитров – Линкевичиус, според агендата, ќе почне со потпишување спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај, по што следуваат тет-а-тет разговорите.

Министрите ќе имаат и обраќања на панел дискусијата „Заеднички цели: стабилност на Балканот, безбедност на Балканот“ што ќе се одржи во МНР, во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Би можело да ве интересира

Голем напредок во помирувањето меѓу Белорусија и Литванија

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби