А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров во Атина на средба со Коѕиас

by А1он14/06/2017 - 08:0814/06/2017 - 11:16155
Share0

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров претпладнево во Атина се среќава со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јави дописникот на МИА.

Добивај вести на вибер

По тет-а-тет средбата која е во тек во грчкото МНР, ќе следува состанок во проширен состав, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција. По изјавите за медиумите, Коѕиас ќе организира работен ручек во чест на неговиот македонски колега.

Министерот Димитров попладне ќе се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа и со Јоргос Кумуцакос кој е одговорен за надворешна политика во најголемата опозициска партија Нова демократија.

Коѕиас вчера во Атина имаше средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, по која одговарајќи на новинарско прашање изјави дека очекува средбата со Димитров да биде добра и креативна.

– Мислам дека, пред се, тоа е состанок за запознавање. Второ, тоа е средба за да размениме мислења за развојот на настаните во односите меѓу двете држави во последно време, и како ќе се движиме напред. Имаме некои нови размислувања и предлози кои ќе ги утврдиме во врска со мерките за градење доверба меѓу двете држави, истакна Коѕиас.

Тој рече дека грчката страна ќе покаже и уште еднаш ќе потврди дека она што е прво за Грција е стабилноста и безбедноста на регионот и на нашата земја. Коѕиас истакна дека не верува оти со Димитров ќе разговараат за името, затоа што тоа ќе биде состанок за запознавање на кој најверојатно ќе дискутираат за методот за продолжување на разговорите за односите меѓу двете земји.

– Никола Димитров има исто име со претходниот министер за надворешни работи во Скопје, како и со мене – знаете, во ПЈРМ најчесто име е „Никос“, кој за нас е заштитник на морињата. Мислам дека тој е искусен човек, тој учествувал во преговори со други влади, тој е дипломат, кој се надевам и сигурен сум дека ќе го искористи потенцијалот за барање решенија, изјави шефот на грчката дипломатија.

Тој повтори дека во меѓународните односи, држава, особено во нашиот регион, треба да покаже способност за усвојување на култура на компромис и консензус.

– Јас често им истакнувам на моите пријатели, на нашите партнери во меѓународните организации, дека начинот на кој тие се однесуваат кон оваа земја ја научи, во голема мера, да не прави компромиси и да нема политичка култура на консензус. Како што знаете, ги предупредив пред две и пол години, кога станав министер, дека тоа, исто така, ќе се префрли на домашната политичка сцена, рече Коѕиас.

Тој информира дека пораката што ја добил од разговорите што ги имал лично со премиерот Заев, од разговорот меѓу двајцата премиери Заев и Ципрас, и од неговите телефонски разговори со Никола Димитров, „е дека тие покажуваат позитивен став и намера да завршат со иредентизмот“.

– И никој нема да биде позадоволен и посреќен од мене, ако завршиме со оваа цела приказна, која, како што често велам, историјата ја претвора од училиште во затвор, истакна Коѕиас осврнувајќи се на денешната средба со Димитров.

imetomnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен